Поврзете се со нас

ВТА

Каков турнир за тинејџерката Ига: Без загубен сет до титула на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Објавено

на

Тинејџерката од Полска, Ига Швјонтек е победничка на овогодишеното издание во женска конкуренција на Ролан Гарос.

Швјонтек ја комплетираше својата бајка, извонредно издание на турнирот во Париз со чиста победа во финалето над Софија Кенин. Ига која само пред само неколку месеци наполни 19 години уште еднаш одигра на врвно ниво како низ сите мечеви на овој турнир, па со 6-4 и 6-1 дојде до првиот грен слем во кариерата.

Таа стана прва тенисерка од својата земја која успеала да победи на ваков голем настан, победа која значи дека од понеделник ќе биде на 17 место на ВТА листата.

Во Париз сите противнички ги реши со 2-0 и со тоа стана прв рекет по Жастин Енан и 2007 година која успеала без загубен сет да триумфира на отвореното тениско првенство на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни