Поврзете се со нас

Лига Европа

Каков потег на стоперот: Залевски беше крвнички нагазен од фудбалер на Лудогорец (ВИДЕО)

Објавено

на

Рома со пресврт во второто полувреме се избори за посакуваната победа над Лудогорец (3-1) со која остана во Лига Европа каде ќе биде активна од осминафиналната рунда на ова натпреварување.

Човек на натпреварот беше Николо Ѕаниоло кој влезе на почетокот на вториот дел, изнуди два пенали и потоа со соло акција во 85 минута го потврди триумфот. Гостите беа нервозни по се што им се случи на „Олимпико“, па во 90 минута видовме еден неспортски потег на Оливие Вердон кој за ова заслужува дополнителна суспензија.

Стоперот крвнички го нагази со копачка Никола Залевски и тоа во пределот на вратот. За ова доби директен црвен картон, а останува да видиме дали за оваа акција ќе добие и дополнителна санкција.

Имено треба да се каже дека Вердон е контроверзен лик кој има поминато време во затвор за семејно насилство и обид за убиство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни