Поврзете се со нас

НБА

Каков потег на некогашниот соиграч на Антиќ: Одби 80 милиони долари, па сега мораше да прифати „минималец“ за да игра во НБА лигата

Објавено

на

Понекогаш спортистите знаат да направат погрешни потези, односно да донесат лоши одлуки, одлуки кои ќе ги паметат до крајот на нивниот живот.

Дефинитивно таква грешка направи германскиот репрезентативец, Денис Шрудер кој ги прецени своите квалитет и она што може да го добие на пазарот во НБА лигата. Некогашниот соиграч на Перо Антиќ од Атланта Хокс пред неколку месеци одби 80 милиони долари од ЛА Лејкерс за продолжување на соработката за уште четири години.

Тој сметаше дека заслужува повеќе и до договор не дојде за да американските медиуми сега јавуваат дека плејмејкерот се согласил на едногодишен договор со Бостон Селтикс вреден само 5,9 милиони долари.

Ова е знак дека Денис се нашол во тесна ситуација, односно тимовите немаат баш толкаво големо мислење за него колку што има за себе, па сега ќе проба да се докаже во Бостон, да има добра сезона која пак наредната година би му овозможила да се избори за подобар, побогат договор.

Минатака кампања во дресот на Лејкерс ја заврши со 15,4 поени и 5,8 асистенции по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни