Поврзете се со нас

НБА

Каков потег на најстариот играч во лигата: Леброн изведе магична пируета, соиграчите се фаќаа за глава (ВИДЕО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс успеа да го совлада Хјустон Рокетс со 107:97 во средбата која рано утрово се одигра во Калифорнија.

Ентони Дејвис беше човекот кој беше лидер и го предводеше составот со 27 поени, 14 скокови, 3 асистенции и 5 блокади, но потегот на натпреварот го имаше Леброн Џејмс.

Џејмс кој на крајот на месецот ќе го прослави 39 роденден и во моментов е најстариот играч во лигата, изведе „360-ка“, пируета со кој ги воодушеви коментаторите, навивачите и соиграчите кои се фаќаа за глава.

„Кралот“ во заврши мечот со 16 поени, 4 скока и 7 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни