Поврзете се со нас

Шпанија

Каков потег на Чави: Се откажал од 12 милиони евра во замена за една гаранција од Лапорта

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес го имаше последниот натпревар како тренер на Барселона изминатиот викенд во Севилја, па иако доби отказ во многу тешки услови, поранешниот капитен на Барса уште еднаш покажа дека заслужено го ужива приматот на вистинска легенда.

Дел од медиумите пренесоа дека Чави скапо ќе го наплати отказот во знак на одмазда кон Жоан Лапорта, но Ернандес експресно ги демантираше овие најави и соопшти дека ќе стои зад она што го кажа уште во месец јануари, а потоа го потврди и на крајот на месец април.

Чави тогаш порача дека ќе се откаже од последната година од договорот и дека нема да бара обесштетување за предвремениот прекин на соработката, а до овој став се држи и во ситуација кога доби „нож во грб“ од претседателот Лапорта.

Добро упатените каталонски медиуми денеска потврдија дека Чави се откажал од сите 12 милиони евра кои биле предвидени за него, но сепак за возврат побарал една гаранција која уште повеќе кажува за каков човекот станува збор.

Ернандес се согласил да не добие ниту едно евро плус од Барселона за последната година, но затоа побарал неговите помошници да бидат исплатени до последен ден од договорите кои им беа предвидени до наредната година. Ова дефинитивно се услови кои Барселона лесно ќе ги прифати, бидејќи платите на асистентите се далеку помали од онаа која ја добиваше Чави како прв тренер на Барса.

Со овој џентлменски потег, Чави јасно покажува дека нема никаква намера да му направи штета на неговиот омилен клуб, а истовремено сака неговите асистенти да си ги добијат платите кои веќе ги испланирале според потпишаните договори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни