Поврзете се со нас

Македонија

Каков натпревар и неверојатни 37-0: Левески и Шкупи испишаа нова страница во историјата на македонскиот футсал

Објавено

на

blank

Екипата на Шкупи и Зоран Левески имаа неверојатен натпревар, натпревар за историја во домашниот футсал шампионат.

Актуелниот футсал шампион го прегазија составот на Кратово со неверојатни 37-0, победа која е најголема во историјата на ова наше натпреварување. Меч за паметење и воедно историја имаше поранешниот наш репрезентативец Зоран Левески кој даде дури 15 голови.

Останатите играчи кои се запишаа во листата на стрелци беа Шабани (7), Цека (6), Мемеди (3), Сотировски (3), Фазлиу и Димовски дадоа по еден, плус уште еден автогол.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни