Каков момент: Касорла ги остави кошмарните две години зад себе и по 636 дена заигра на теренот! (Фото)

kasorla-vilja

Санти Касорла мина низ невиден фудбалски хорор во изминативе две години и поради инфекција на скочниот зглоб мораше да направи десетина операции за да си ја спаси ногата, но по сите минати тешки моменти, поранешниот шпански репрезентативец денеска доживеа еден од најсреќните денови во својот живот.

Благодарение на неверојатниот труд и големата желба да се врати на терените, играчот за врска денеска го имаше својот прв настап по пауза од 21 месец, или поточно, за првпат заигра на највисоко ниво по точно 636 дена. Касорла пред еден месец ја заврши соработката со Арсенал откако не му беше понуден нов договор од клубот, но затоа шанса за фудбалки камбек доби од клубот каде всушност е прослави. Санти е на тест период во Вилјареал за да види како неговиот скочен зглоб ќе одговори на напорните тренинзи и натпреварите, а навистина позитивно е тоа што Касорла го направи првиот чекор, односно го одигра првиот меч на денешната пресметка со Херкулес.

Натпреварот заврши 1:1, а Касорла влезе во игра во 67-та минута заменувајќи го Рамиро Гуера.

kasorla-vilja1

Facebook Коментари