Поврзете се со нас

Франција

Каков луд финиш во Париз: Пет погодоци за 17 минути, Икарди херој на „светците“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Многу драма и возбудувања донеса првата средба од денешната програма во Лига 1, средба во која фаворизираниот Пари Сен Жермен со судни маки дојде до триумф над Сент Етјен од 3-2.

Долго време беше тврдо на „Паркот на принцоците“, односно немаше никаков погодок се до 78 минута кога започна вистинското лудило. Истото го најави Буанга кој донесе изненадувачко водство на гостите, но веќе во следниот напад Мбапе успеа да израмни.

Домашниот тим дојде до пресврт со вториот погодок на Мбапе во 87 минута и кога сите очекуваа мирна завршница и потврда на трите бода се случи нова драма. Сент Етјен дојде до 2-2 во 92 минута, но тука не беше крајот затоа што „светците“ го имаа последниот збор и благодарение на Икарди во 95 се изборија за 3-2, триумф кој може да биде супер значаен во трката за титулата.

Сега ПСЖ има 69 бода или само еден помалку од лидерот Лил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни