Поврзете се со нас

Шпанија

Како замена за повредениот Пике: Маскерано се огласи по веста за негов кам-бек во Барселона (ФОТО)

Објавено

на

Барселона се соочува со доста проблеми во дефанзивната линија особено на стоперската линија каде во моментов како подготвен и фит го има само Клемон Ленгле.

Роналд Араухо е повреден, Самуел Умтити веќе подолго време е во „аут“, а од саботата недостапен и е Жерад Пике пред кого е долга пауза од терените. Поради ова каталонците се во независна ситуација и Роналд Куман ќе мора да пронајде некое решение барем до јануарскиот преоден рок кога клубот ќе може да донесе ново име во своите редови.

Меѓу информациите кои се појавија беа дека Барселона го контактирала Хавиер Маскерано за да се врати од пензија и му помогне. Оваа вест ја објави „Ел Чирингито“  и притоа побара коментар од Аргентинецот кој кратко се огласи на социјалните мрежи.

-Ве молам. Нема потреба за тоа, -напиша Маскерано одговарајќи на тоа дали веста е точна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни