Како во најдобрите времиња: Робињо со ремек дело ја отвори сметката во Турција (Видео)

robinjo

Искусниот бразилски интернационалец Робињо во финишот на својата кариера доби шанса да се испроба и претстави во Турција каде потпиша за прволигашот Сиваспор.

На некогашниот ас Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан му беа потребни неколку средби за да дојде до дебитанскиот погодок, но навистина вредеше да се почека за истиот. Тој на денешниот меч против Кајзериспор постигна вистински евро-гол од слободен удар кој вреди да се погледне повеќе пати.

Facebook Коментари