Како тренер ја мотивираше својата тенисерка: Тоа ти е како да играш против Карловиќ со големи гради (Видео)

gerges

На ВТА турниот кој се игра во Луксембург се случи една необична ситуација во која во центарот на вниманието се најде тренерот на Мисака Дои, Кристијан Захалка.

Захалка на бизарен начин се обиде да ја измотивира Јапонката во дуелот со Јулија Гергес и тоа при резултат 5-4 во првиот сет.

-Знам, тоа е како да играш против Карловиќ со големи гради… Ама нема така добро да сервира низ целиот меч, -порача тренерот на Дои, говор кој го фатија камерите и доби големо медиумски внимание.

Овој говор на Захалка донесе резултат и Дои првиот сет го доби со 7-5, ама Гергес во продолжението беше подобра и со 6-1 и 6-3 дојде до победата на оваа средба.

За некои зборовите на Захалка се спорни, навредливи и бараат реакција од ВТА, а тоа дали ќе се случи останува да видиме.

Facebook Коментари