Како се славеше на улиците на Љубљана: Ерупција од радости и песни (Фото+Видео)

sloveniateam

Кошаркарите на Словенија после големата победа во финалето на Европското првенство против Србија и освојувањето на Европската титула, ја кренаа цела Словенија на нозе. Пред пристигувањето на репрезентацијата во Љубљана, атмосферата се вжешти, па уште кога пристигнаа ,,диригентот”Кокошков со своите Дончиќ, Драгиќ и другарите, атмосферата доживеа ерупција со пеење песни и веења знамиња на улиците на Љубљана. Иако врнеше тоа не им пречеше на околу 20 илјади Словенци кои дојдоа да го прослават најголемиот историски успех на спортот во Словенија.

 

Facebook Коментари