Поврзете се со нас

Светски првенства

Како „рибарите“ спречија победа на Македонија: Чурлинов биеше со глава, Бјарнасон спаси на гол линијата (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската репрезентација не успеа да го освои целиот плен на гостувањето кај Исланд иако водеше со 2-0 до 78 минута.

Нашиот национален тим за неколку минути прими два гола и му овозможи на противникот да остане непоразен, односно да дојде до реми и освои бод. „Рибарите“ имаа и доста среќа за да дојдат до овој резултат затоа што во самиот финиш се извлекоа благодарени на Бјарнасон кој во судиското продолжение спречи наша радост.

Имено Чурлинов биеше одлично со глава по центаршутот на Алиоски, но кога сите ја видоа топката во голот Бјарнасон интервенираше на линијата.

Фото: ФФМ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни