Како Нејмар го „патосираше“ судијата Роки на „Бернабеу“ (Видео)

roki

Првата битка меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите им припадна на „кралевите“ кои со два погодоци во финишот во рок од три минути дојдоа до позитива од 3-1 со која направија исчекор кон следната фаза на ова натпреварување.

Средбата на „Сантијаго Бернабеу“ освен четири погодоци донесе и една интересна ситуација во која Нејмар го „нокаутираше“ главниот судија Џанлука Роки.  Топката која Нејмар ја упати кон неговите соиграчи заврши точно во лицето на Роки, па играта мораше на кратко да се прекине за да Италијанецот се освежи и врати во нормала.

Facebook Коментари