Како на видео игра: Реакцијата на управата на Баерн по несекојдневната вештина на Родригез од слободен удар (Видео)

rodrigez-arturo

Хамес Родригез стави печат на победата на Баерн Минхен на гостувањето кај Баер Леверкузен (1:3), а начинот на кој го направи тоа предизвика многу реакции во германската спортска јавност бидејќи стануваше збор за несекојдневна мајсторија од слободен удар.

Колумбиецот уште еднаш ни демонстрираше дека не секогаш е потребна сила за да се постигне сензационален гол, употребувајќи магична вештина со која го остави Лено без никакви шанси за одговор во дадената ситуација. Теледиригираниот удар на Хамес заврши во аголот, а каква беше реакцијата на првите луѓе на Баерн Минхен по ова ремек дело погледнете на крајот од видеото…

Facebook Коментари