Како на видео игра: Маркез од 11-то до 2-то место во еден круг (Видео)

markez-sepang

Трката за Големата награда на Малезија во Мото ГП остана во втор план поради случувањата во Мото 2, категорија во која Алекс Маркез ја потврди шампионската титула откако заврши втор во Сепанг.

Трката во Мото 2 беше далеку поинтересна поради тоа што во игра беше светската титула, а откако помладиот од браќата Маркез стигна до својата прва титула во кариерата, мора да се напомене дека следеше чудо на шесткратниот шампион во Мото ГП. Поради тешкиот пад кој го имаше вчера во квалификациите, Марке ова утро стартуваше од 11-то место, но на самиот старт, изрежира акција како од видео игра, завршувајќи го првиот круг како второпласиран.

Од 11-то, Маркез веќе во вториот свиок дојде до петтото место, брзо го мина Морбидели, потоа следеше и Довициозо, за на крај да го мине и Џек Милер. Сепак, во ова време, Маверик Вињалес успеа да избега една секунда како првопласиран, а иако светскиот шампион успеа да му се приближи, сепак не изрежира вистинско чудо и заврши втор на крајот од трката.

Facebook Коментари