Поврзете се со нас

АТП

Како мачка: Рефлексот на Димитров кој потсети на магијата која ја режираше Федерер (Видео)

Објавено

на

Григор Димитров игра извонредно добро во последно време и првпат после 6 години се врати во топ 10 на АТП листата, место кое си го осигура со победата во полуфиналето на Мајами.

Бугаринот го преслуша Карлос Алкаррас во претходната рунда и рано утрово играше против еден од своите најнезгодни ривали, а доказ за тоа е и меѓусебниот скор кој гласеше 7:1.

Димитров имаше седум последователни порази од Александер Зверев, но рано утрово го победи во три сета и закажа финална пресметка против Јаник Синер.

На крајот, главна разлика направи еден брејк во третиот одлучувачки сет, а до истиот Григор дојде со сензационален поен, пришто презентираше рефлекс како мачка.

Димитров успеа да се снајде во ситуација кога топчето се одби од мрежата и доби неправилна ротација, па со поенот кој го освои потсети на магијата која ја режираше Федерер против Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз во 2018-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни