Како Лука се загрева за големите предизвици: Дончиќ го слуша нашиот Тоше пред мечевите во НБА лигата (ФОТО)

luka

Лука Дончиќ е еден од играчите кој веќе неколку сезони игра на одлично ниво на големата сцена прво во Европа, а сега и во НБА лигата.

Колку е само добар доволно е само да се каже дека има само 20 години што значи пред него се уште постои простор за напредок, подобрување што ако се погледнат неговите сегашни бројки е страшно затоа што сезонава во НБА има учинок од 26,7 поени, 9,9 скокови и 9,1 асистенции, а во тоа дефинитивно му помага и музиката која ја слуша пред натпреварите.

Имено е откриена листата на песни која Лука ја користи како загревање, опуштање и на списокот е една композиција од нашиот Тоше Проески или поточно тоа е „Чија си“. Тука има уште неколку балкански автори како Самарџиќ, Рамадановски, Стојан, но и секако неколку странски.

Ова е изборот на младиот Словенец.


View this post on Instagram

the tunnel walk isn’t the same without music. luka knows. @bose #BoseHeadphones #TeamBose 🎧

A post shared by LeagueFits (@leaguefits) on

Facebook Коментари