Шпанија
Како ќе изгледаше табелата: Реал ќе ја одбранеше титулата во Ла Лига ако не постоеше ВАР (Фото)

ВАР е дел од светскиот фудбал веќе пет години и оваа технологија го промени текот на натпреварите во сите најважни првенства во Европа, но анализата покажува дека го менува и текот на цел шампионат.
Анализата која ја направи угледниот шпански медиум „АС“ вели дека шпанската Ла Лига ќе имаше друг шампион оваа сезона доколку не постоеше ВАР системот, бидејќи Реал Мадрид би бил на првото место без интервенцијата на луѓето од ВАР собата.
Барселона освои 88 поени и сосема заслужено се врати на тронот во Примера после четири години, но да не бил ВАР системот, тимот на Чави ќе имал дури шест помалку и не би бил нов шампион.
Оваа сезона, ВАР системот се активирал во 38-те рунди дури во 179 наврати, а најмногу прекини на играта имало на натпервари кои ги одиграл Реал Мадрид, вкупно 25.
Токму ова направи Реал да остане без шест бода, кои всушност тимот на Карло Анчелоти ќе ги впишеше да немаше интервенција од судиите и да не била преправана првичната одлука. Во таква ситуација, Реал ќе имаше 84 бода и ќе ја одбранеше титулата во Ла Лига.
Според целосната анализа од ВАР интервенциите, големи промени не би имало во борбата за опстанок, па од елитата и без технологијата би испаднале Елче, Еспањол и Валјадолид.
💥 Así habría quedado LaLiga sin VAR
🏆 ¡El Real Madrid hubiera sido campeón!
👉 Récord de intervenciones del videoarbitraje en una temporada pic.twitter.com/Xg3y8hIW7T
— Diario AS (@diarioas) June 7, 2023
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…