Поврзете се со нас

Евролига

Како изгледа потфрлањето меѓу најнискиот и највисокиот играч во Евролигата: Ти-Џеј Шортс стана вирален хит со тактиката (Видео)

Објавено

на

Ти-Џеј Шортс не можеше сам против Барселона и неговите 20 поени беа недоволни за победа на Париз, тим кој го претрпе четвртиот пораз во низа во Евролигата.

Доскорешниот лидер влезе во негативна серија и сега падна на четвртото место на табелата, но тоа не се одразува врз индивидуалните изданија на македонскиот репрезентативец кој е едно од откровенијата во Евролигата.

Шортс во добар дел од мечот беше нерешлива енигма за дефанзивната постава на Барселона, но сепак посебно го привлече вниманието со една тактика при едно потфрлање од страна на судијата.

Ова потфрлање ни донесе дуел меѓу најнискиот и највисокиот кошаркар во Евролигата, па бидејќи на Шортс му беше јасно дека нема што да бара во дуелот со „џинот“ Јусуфа Фол, реши веднаш да се постави во поле за подобра позиција.

Интересно, „џинот“ висок 2 метри и 22 сантиметри ја одби топката до соиграч на Шортс, па половина метар понискиот Ти-Џеј (1 метар и 75 сантиметри) на крајот излезе како победник во целата ситуација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни