Како Гризман беше дочекан од навивачите на Атлетико: Сакаше да бидеш име…(Видео)

Како и што се очекуваше Антоан Гризман беше дочекан на „нож“ од страна на навивачите на Атлетико Мадрид на вечерашниот меч против Барселона кој им припадна на гостите од Каталонија со 1-0 со погодокот на Лионел Меси.

Гризман беше исвиркан и навредуван од навивачите на Атлетико кои дефинитивно добро не го прифатија неговиот трансфер во Барселона.

-Умри Гризман, -се слушало од трибините на „Ванда Метрополитано“, а информираат шпанските медиуми.

-Сакаше да бидеш име и заборави да бидеш човек, -стоеше пак на еден од банерите.

Исто така фановите на Атлетико ја „зацрнија“ и плакетата на Антоан надвор од стадионот, на истата имаше стаорци, лименки и еден црвен икс.

Facebook Коментари