Поврзете се со нас

Франција

Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)

Објавено

на

blank

Разврската од 27-то коло во француската Лига 1 не можеше да биде подобра за ПСЖ, бидејќи „светците“ победија, а двата главни ривали за титулата киксираа, или поточно, не остварија поволни резултати.

Лион ремизираше со Марсеј во дербито 1:1, додека првопласираниот Лил на домашен терен со идентичен резултат одигра нерешено со Стразбур и му дозволи на шампионот на дојде на само минус два.

Лил сега има два бода повеќе од ПСЖ кој го победи Дижон со 0:4 на гостински терен, натпревар кој ни долови и едно ново, немилосрдно лице на најголемата и најдобра млада ѕвезда во тимот.

Килијан Мбапе е познат по својата бестрашност и по тоа што нема милост кон противничките голмани, но кога е во прашање неговото залагање и професионалност на теренот, очигледно не го задоволува ниту комотна предност.

Француските медиуми го пренесоа видеото од тунелот на полувремето, кое ни доловува како Мбапе им вели на своите соиграчи, а особено на капитенот Маркињос дека треба да го „наполнат“ Дижон со шест или седум голови.

– Марки, кажи им на сите дека продолжуваме исто. Да им дадеме шест или седум голови, ако го направиме тоа, тоа ќе биде директна порака до другите ривали за титулата. Од друга страна, јас ќе си одам со топката како најдобар играч, – порача Мбапе кој во победата од 0:4 постигна два гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни