Кака знае кој ќе ја освои „Златната топка“ по доминацијата на Меси и Роналдо

kaka-orlando-3293298823

Бразилската фудбалска легенда, Кака знае кој ќе ја освои престижната награда „Златната топка“ по завршувањето на доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Португалецот и Аргентинецот од 2008 година па наваму постојано го „ловат“ тоа признание, поточно Кака е последниот играч кој успеал да дојде до „Златната топка“ пред ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид.

Меѓутоа според некогашниот ас на Милан прашање е на време кога истата ќе заврши во рацете на неговиот сонародник Нејмар.

-Фудбалот не е точна наука и тешко е да се каже што ќе биде во иднина, ама ќе кажам следниот добитник на „Златната топка“ по Роналдо и Меси ќе биде Нејмар, -рекол Бразиелцот за „Ел Еспектадор“.

Facebook Коментари