Поврзете се со нас

Свет

Кака за омилениот играч: Многу ми се допаѓа како игра, тој ќе биде главен во Катар

Објавено

на

Бразилската фудбалска легенда, Кака го откри својот омилен играч во светот на фудбалот, играч кој е активен на спортските арени.

Некогашниот ас на Милан и Реал Мадрид ги почитува ѕвездите како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе…,ама за него број еден е неговиот сонародник и актуелен член на Пари Сен Жермен, Нејмар Жуниор.

-Не знам дали тоа е затоа што имаме одличен личен однос, но ми се допаѓа како игра Нејмар. Секако дека сакам да гледам други како [Килијан] Мбапе, [Лионел] Меси, Кристијано [Роналдо] или Винисиус, но јас ќе останам на мојот избор за Неј, -вели Кака кој очекува асот на „светците“ да бид главен, лидер на „кариоките“ на престојното првенство во Катар.

-Нејмар ќе биде предводник на Бразил во Катар, но многу е важно што покрај себе има играчи како Винисиус. На Светското првенство во 2018 година тиј беше апсолутен протагонист, но сега ги имаме Вини, Рафиња, Ришарлисон, Антони… кои не се млади играчи кои ветуваат туку реалност. Ова го трга притисокот од Нејмар, нешто што е многу поволно за нашите интереси, -порача легендата за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни