Италија
Кака за најтешките преговори во Милан: Ако сака да си оди, сега е вистинско време за тоа

Рикардо Кака како голема фудбалска легенда своите најдобри денови во кариерата ги доживеа во Милан и во италијанската лига која пред две децении беше и доминантна во Европа.
Сега ситуацијата е далеку поразлична и многумина фудбалери гледаат на Серија А како отскочна даска и транзициски период во кариерата, па иако тоа го потенцира и Адријано Галијани, Кака не се согласува со таквиот став.
Бразилецот не сака да ја обезвредни најсилната италијанска лига, но затоа има топла препорака до Рафаел Леао кој веќе подолго време размислува дали да потпише нов договор со Милан, токму поради околностите во кои се наоѓа италијанскиот фудбал.
Португалецот сигурно ќе доби многу повеќе пари ако направи трансфер во Премиер лигата, па ако тоа е она што вистински го посакува, Кака го советува да не чека и да си замине во следниот преоден рок.
– Леао е фантастичен играч и навистина многу го сакам. Сепак, ако гледа на италијанскиот фудбал само како транзиција во неговата кариера, треба да си оди. Ако мисли така, сега е вистинско време да си оди.
– Ако се прашувам јас, би му поралач да не си оди, бидејќи напуштањето на Милан не секогаш е добра идеја. Не сакам да правам споредби со мојата ситуација, секој треба сам да носи одлуки. Милан нуди многу опции за фудбалерите и не се согласувам со тоа што го вели Галијани. Го сретнав во Катар на Светското првенство и ми порача дека Серија А станала лига за отскочна даска на фудбалерите. Јас не гледам така на работите, сметам дека Серија А се уште е многу тешка за играње, иако има огромна финансиска разлика со останатите лиги. Само за потсетување, јас се изградив како играч во Италија и сите ме паметат по игрите од оваа земја, – вели Кака.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……