Кака: Нејмар може да го води ПСЖ до европска титула

nejmar

Останувањето на Нејмар во ПСЖ доведе до комплицирана ситуација, во која Бразилецот ќе настапува за својата екипа иако и самиот признава дека сакал да замине по секоја цена, а навивачите постојано ќе го исвиркуваат и навредуваат.

Но, неговиот сонародник Кака смета дека Нејмар има голем потенцијал кој ПСЖ може да го искористи за голем успех.

– ПСЖ постојано се обидува да формира силен тим со кој ќе ја освои Лигата на шампионите, а Нејмар е вистинскиот фудбалер околу кој може да биде изграден тој проект. Сметам дека за него ова ќе биде одлична сезона, – вели Кака.

Facebook Коментари