Кака: Имав многу проблеми со Мурињо

kaka2

Некогаш најдобриот фудбалер на светот, Рикардо Кака ја отвори душата и проговори искрено за неговото време поминато во дресот на Реал Мадрид.

Бразилецот во 2009 година се реши да го напушти Милан како голема ѕвезда за сума од 60 милиони евра и се пресели во редовите на Реал Мадрид. Сепак, Кака не се снајде најдобро во новиот клуб и не успеа да ги повтори игрите по кои беше препознатлив во италијанскиот тим.

Бразилецот проговори за овој период и посебно односот со тренерот Жозе Мурињо.

-По трансферот во Реал целосно се загубив. Во Италија сите ме сакаа, а во Шпанија сакаа да си заминам. Мурињо беше тежок тренер за мене, кога ќе помислев дека ќе ми даде шанса, тоа не се случуваше. Не можев да му докажам дека сум подготвен да играм, а тренирав и го молев да ме пушти да играм. Не бев воопшто задоволен од соработката со него и бев среќен кога си заминав од Реал- коментираше Кака.

Бразиелцот си замина од Реал Мадрид по четири години и 85 одиграни натпревари во дресот на „кралскиот клуб“, по што се врати во тимот на Милан каде остана миленик на фановите.

Facebook Коментари