Кака го издвои играчот на Реал кого го снашла неговата судбина на „Бернабеу“: Тој не заборави да игра фудбал

kaka-bel-dres

Рикардо Кака еднставно ни одблиску не го достигна нивото во Реал Мадрид кое се очекуваше од него по сезнационалниот трансфер кој го направи од екипата на Милан, а иако легендарниот Бразилец се обидува да ги памети само убавите моменти кои ги доживеа на „Сантијаго Бернабеу“, и самиот е свесен дека тоа што го прикажа во белиот дрес беше премалку од поставените очекувања.

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ открива дека и натаму будно ги следи случувањата во тимот од шпанската престолнина и покрај тоа што веќе со години не е блиску до случувањата во клубот, а во своето последно обраќање потенцираше дека заминувањето на Хамес Родригез го потсетило на неговиот случај во Реал.

– Нашето заминување од Реал е многу слично. Тоа што ни се случи на мене и Хамес може да му се случи на секој играч. Не само во Реал Мадрид, може да се случи било каде. Еден играч прави промена во кариерата поради тоа што замислува и очекува едно нешто, но работите понекогаш не излегуваат онака како што замислувате и како што треба. Ако нешто е јасно, тоа е дека Хамес не заборави да игра фудбал. Тој и натаму е голем играч и верувам дека набрзо ќе влезе во најдобра форма во новиот тим. Тип на игачи како Родригез можат да играат секаде и да се адаптираат на секаков стил. Не треба да се заборави дека тој беше најдобар играч на последниот мундијал, – потсетува Кака во интервјуто за „Ел Еспектадор“.

Facebook Коментари