Свет
Кака ги критикува сонародниците за Роналдо: Не го почитуваат, го гледаат како дебел човек кој оди по улица

Луис Назарио Де Лима Роналдо или попознат само како Роналдо е еден од асовите кој и има донесено многу радост на бразилската нација, човек кој со своите голови, знаење, умешност има помогнато да се освојат по два пехари на Светските првенства (1994, 2002) и две титули на Копа Америка (1997, 1999).
Меѓутоа без разлика на ова и се што има постигнато во кариерата, тој не е доволно почитуван во својата земја, односно надвор добива многу поголемо признание.
Ова го тврди Кака кој за „Беин Спортс“ беше директен и порача:
-Чудно е да се каже ова, но многу Бразилци не навиваат за Бразил. Тоа се случува понекогаш. Ако го видите Роналдо како шета овде, ќе видите „Вау“, тој има нешто поразлично овде. Во Бразил, тој е само дебел човек кој оди по улица. Се разбира многу Бразилци го сакаат Роналдо, јас го сакам Роналдо, но начинот на кој го почитуваат во Бразил и во странство е различен, јас гледам повеќе почит кон него надвор од земјата отколку таму, -порача некогашнната ѕвезда на Милан и Реал Мадрид.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
НБАпред 24 часа
Лука се врати од повреда и приреди НБА шоу: Постигна 53 поени и славеше пред противничката клупа (Видео)
-
Германијапред 20 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 14 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)