Поврзете се со нас

Свет

Кака: Финалето со Ливерпул беше знак од Бога, а не случајност!

Објавено

на

Големото финале во Атина во 2007-ма година беше своевидна реприза на финалето во Лигата на шампионите кое се одигра две години претходно, но во првиот случај, „росонерите“ успеаја да извлечат поука од натпреварот во Истанбул и благодарение на блесокот на Кака и Инѕаги им се реваншираа на Англичаните.

Две години претходно, Ливерпул направи епски камбек и славеше во пенал рулетот, но во 2007-ма година, немаше простор за такво нешто, иако Дирк Кајт во самата завршница постигна гол со кој внесе немир во редовите на италијанскиот великан. На крајот Милан го задржа водство од 2:1 и стигна до својата седма титула во најелитното натпреварување, а Кака вели дека тоа не било случајност, туку знак од Бога.

– Таа победа беше знак од Бог, не случајност. Не сакам да го наречам одмазда, но беше неверојатно и магично. Тимот беше поинаков во 2005-та, повеќе немавме играчи како Креспо и Шевченко. Сепак, костурот беше истиот, речиси беше истиот тим, но многу поинакво финале кое замина во историјата.

– За првиот гол, Пипо почна да трча без да ја гледа топката, се надеваше дека голманот ќе го одбрани шутот на Пирло и дека ќе се најде на вистинско место на одбиената топка. Тој едноставно ги препознаваше тие ситуации. При вториот гол, јас и Пипо бевме сами во нападот, но го знаев неговото движеше до толку добро, што знаев што ќе направи следно.

– Беше ужасно кога Кајт намали на 2:1, почнаа да се враќаат кошмарите од 2005-та година. На крајот издржавме и славевме како што треба. Имаше измешани емоции при прославата. За мене беше прва титула во Лигата на шампионите и остварување на сонот, додека за Малдини беше петта, беше како одбележување на една целина за него, – објаснува Рикардо за официјалната страна на Милан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни