НБА
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)

Кајри Ирвинг остана главна ѕвезда на Далас по шокатното заминување на Лука Дончиќ, па во отсуство на Словенецот, неверојатниот шутер е тој кој ќе има уште поголема одговорност.
Маверикс рано утрово одиграа извонреден натпревар против Голден Стејт и успеаја да слават триумф со резултат 111:107, а за шоу задолжен беше токму Ирвинг.
Кајри се прикажа во издание како во најдобрите денови и имаше шутерска вечер за паметење, погодувајќи седум тројки од десет обиди.
Сепак, највпечатлив беше периодот од третата четвртина, кога Кајри со три тројки во низа всушност ги откажа „воините“.
Неверојатниот плејмејкер погоди три тројки во 40 секунди, а неговото шоу стана вирално на социјалните мрежи.
На крајот, Ирвинг го заврши мечот со 42 поени, 17 повеќе од Стеф Кари кој беше најдобар во противничкиот табор.
KYRIE IRVING CON 3 TRIPLES CONSECUTIVOS 🔥#NBAxESPN pic.twitter.com/2eeBcQGpgN
— NBA Latam (@NBALatam) February 13, 2025
-
Формула 19 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија18 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Англија24 часа
Ретклиф именуваше менаџер кој не требал да го води Јунајтед: Манчестер спадна од Фергусон на…….
-
Италија17 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони21 час
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија20 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)