Поврзете се со нас

НБА

Кајл Кузма со тројка во последната секунда донесе возбудлива победа за Лејкерси (Видео)

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс конечно ја прекина серијата од три последователни порази и славеше победа против Денвер Нагетс со 124:121.

До победата стигнаа на драматичен начин откако Кајл Кузма во последната секунда од натпреварот успеа да реализира удар за три поени.

Претходно, на четири секунди до крајот Денвер го израмни резултатот и многумина мислеа дека натпреварот ќе замине во продолженија.

Оваа победа е само втора за Лос Анџелес Лејкерс во Орландо, додека Денвер го запиша третиот пораз во постковид кошарката.

Леброн Џејмс повторно се истакна кај „езерџиите“ со 29 поени и 12 асистенции, а Ентони Дејвис натпреварот го заврши со два погодоци помалку.

Резултати:

Милвоки- Торонто 106:114

Мајами- Индијана 114:92

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни