Италија
Кафу: Ова е тежок удар за Милан…

Кафу пет години од својата кариера мина во италијанскиот великан Милан со кој освои пехари на домашната сцена, но и на меѓународната каде имаше можност да се израдува на трофејот во Лигата на шампионите.
Меѓутоа „росонерите“ веќе некое време се далеку од пехарот во елитното натпреварување, имаат доста проблеми на оваа сцена и тоа го потврди Феенорд кој ги елиминираше во двомечот од плејофот.
-Би кажал дека ова беше тежок удар бидејќи Милан можеше и требаше да оди понатаму. Како што се вели, крајот на февруари е и има уште многу важни натпревари да се играат во следните три месеци, -вели Кафу кој се надева дека екипата ќе остане фокусирана и ќе обезбеди елитен фудбал за следната кампања.
-Исто така, би било големо разочарување за навивачите на росонерите и за фудбалот воопшто, бидејќи клуб со историја на Милан секогаш треба да биде во Лигата на шампионите. Се надеваме дека ќе можат да состават победничка серија и да ја намалат разликата меѓу тимовите пред нас. Нема да биде лесно, но верувам во камбек. Против Торино, треба да се игра тежок натпревар и да се победи за да се продолжи позитивната серија од изминатите неколку недели во лигата.
-Ќе биде тешко да се игра на гости, бидејќи Торино е добар тим, но Милан мора да ја игра својата игра. Што е најважно, тие мора да престанат да гледаат назад. Минатото не е важно, -додаде Бразилецот кој имаше порака за фановите.
-Останете блиску до тимот. Во моментов, на играчите им е потребна вашата поддршка. Тие сè уште можат да ви донесат радост, -порача еден од најдобрите десни бекови на сите времиња.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)