Поврзете се со нас

Италија

Кафу даде прогноза за тоа кој ќе го освои пехарот во Серија А

Објавено

на

foto: x.com/officialcafu

Легендарниот Маркос Евангелиста де Мораис или попознат само како Кафу своите најдобри, најубави времиња од кариерата ги мина на Апенините каде ги носеше дресовите на Рома и Милан.

Повеќе од една деценија Бразилецот беше дел од овие два големи италијански великани со кои освои многу титули пред се со „росонерите“. Меѓутоа она што е заедничко е дека во двата тима го освои Скудетото, па дефинитивно многу добро знае што е потребно да се биде шампион на една земја како што е Италија.

Кафу и денеска внимателно ги следи фудбалските случувања во Калчото и за „Газета Дело Спорт“ даде интересна прогноза во однос на тоа кој ќе биде шампион за натпреварувачкаат 2024/2025.

-Не можам да кажам Милан? Тогаш сакам да мислам дека тоа ќе биде сезона на Аталанта. Сите веруваат дека се изненадување, но им оди добро седум години под водство на Гасперини, -вели Кафу кој важи за еден од најдобрите десни бекови во историјата на оваа игра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни