Поврзете се со нас

АТП

Кафелников за финалето: Медведев не смее да брза, шансите се 60-40 за Ѓоковиќ

Објавено

на

Пред нас е големото финале на Ју-Ес Опен во кое силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

Ѓоковиќ ќе се обиде да испише нова историја, да стане прв тенисер кој по Род Лејвер успеа да дојде до календарски грен слем, но и воедно да дојде до 21 тутула на оваа сцена со што би станал рекордер во машка конкуренција.

Од друга страна и Медведев има своја математика и сака да дојде до првиот грен слем пехар во кариерата, па во пресрет на овој дуел свој коментар, анализа имаше легендарниот Евгениј Кафелников.

-Би му кажал на Медведев да не брза. Кога противникот ги има одговорите за се што прави, Данил почнува да ризикува и да прави многу повеќе од тоа што може. Затоа, трпението ќе биде клучно, со голема концентрација од првиот до последниот поен.

-Патот на Данил до финалето беше полесен, но знаеме дека Новак може да се префрли на поголема брзина кога му е најпотребно. Мислам дека ова е најважниот натпревар во кариерата на Ѓоковиќ и дека е благ фаворит, би рекол дека шансите се 60-40 за Новак. Нема да биде лесно за него, всушност нема да биде лесно за ниту еден од нив.

-Разбирам дека Новак брка историја, кажав дека тоа е веројатно најважниот натпревар во неговата кариера, но исто така е многу важен натпревар за Медведев. Ако загуби, ќе има 0-3 во слем финалињата, на секој играч му е тешко да се справи со тоа. Може да стане товар за него, да размислува: „Господ знае кога ќе добијам уште една шанса“. Има притисок врз двајцата, -рече Кафелников кој во кариерата освоејуваше титули на најголемите турнири и  беше светски рекет број еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни