Поврзете се со нас

Европски првенства

Кадетско ЕП во Скопје: Македонија го претрпе првиот пораз, сега мора да брка победа против Австрија

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Македонската кадетска репрезнтација до 16 години запиша две стартни победи на турнирот во Скопје, но за да се пласира воо четвртфналето на Европското првенство од Б дивизијата, сега ќе мора да слави над Австрија.

Кошаркарите до 16 години денеска го претрпеа првиот пораз и беа надиграни од врсниците од Естонија, кои повеќе од заслужено славеа со двоцифрена предност.

Македонија загуби со 57:76 и си ги закомпликува работите во својата група, бидејќи сега кадетите ќе мора да бркаат победа против Австрија по секоја цена.

Цветковски со 11 поени беше најефикасен кошаркар во нашиот табор, а двоцифрен ефект имаше уште Ефтимовски кои запиша точно 10 поени.

Незадржлив за нашиот кадетски тим беше Стен Адамсон, кој натпреварот го заврши со 23 поени и 7 скокови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни