Поврзете се со нас

Европски првенства

Кадетско ЕП: Македонските ракометари ја испотија моќната Франција, но загубија во самата завршница

Објавено

на

Foto:macedoniahandball.com.mk

Македонската кадетска репрезентација во ракомет се прикажа во храбро издание на стартот на Европското првенство во Црна Гора, но за жал претрпе несреќен пораз во последните секунди.

Селекцијата до 18 години реши да игра со отворен гард против големиот фаворит Франција, па на крајот малку фалеше да освои бод на премиерата во Подгорица.

Селекторот Наум Танески може да биде горд на изданието кое го имаа неговите миленици, бидејќи ги испотија Французите до самиот крај, а останаа без награда само поради примен гол на десет секунди пред крајот.

Иако Франција беше таа која го диктираше темпото и резултатот, македонските таленти во ниту еден момент не се откажаа и играа пожртвувано до последен атом од силите, што за жал сепак не беше доволно за реми.

Македонија имаше 28:28 во последниот напад, но Французите погодија на десет секунди пред крајот и отворија со победа од 29:28.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни