Поврзете се со нас

Светски првенства

Кадетките се разбудија навреме и остварија втора победа на СП во Скопје

Објавено

на

Кадетската репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа на Светското ракометно првенство до 18 години кое се одржува во Скопје, а на кое на втор натпревар во низа имавме голема поддршка од трибините.

По триумфот над Сенегал, избраничките на Љубомир Савевски денеска имаа малку потешка задача против Узбекистан, бидејќи ривалките сериозно се заканија на почетокот и се одлепија на позитива од плус пет.

Добра вест беше тоа што нашите кадетки одговорија смирено и без панија и брзо се вратија во егал ситуација, а потоа во вториот дел комплетно го разоружаа ривалот.

Македонија дојде до двоцифрена предност на десет минути пред крајот и стана јасно дека ја осигура победата, која на крајот гласеше 39:30.

Со овој триумф, македонската селекција го завери учеството во главната рунда на турнирот, но во вторник во директен дуел со Иран ќе решава дали ќе патува како првопласирана, или како втора селекција од групата.

Бојана Коцева со девет гола беше најефикасна ракометарка во нашиот тим, Емилијара Ризоска постигна осум погодоци, а два помалку постигна Марија Јанкуловска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни