Поврзете се со нас

Светски првенства

Кадетките го отворија мундијалот со убедлива победа над Сенегал

Објавено

на

Женската ракометна кадетска репрезентација славеше убедливо над Сенегал (32:13) на првиот настап на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски очекувано стигнаа до првата победа на домашен терен и во ниту еден момент немаше дилеми за тоа која селекција ќе ги освои поените.

Првиот дел заврши со резултат 17:7, а предноста беше зголемена во продолжението за конечни 32:13 и прва победа во групната фаза.

Најдобри реализаторки во македонската селекција беа Ризоска, Дукоска и сестрите Борјана и Бојана Коцева со по пет гола.

Во истата група, денеска Узбекистан го победи Иран со 47:31, а победникот од овој дуел е наш следен противник по два дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни