Кадетите загубија од Полска на турнирот во Плоцк

kadeti

Кадетската репрезентација на Македонија доживеа пораз од домаќинот Полска со 34-32 на турнирот кој се игра во Плоцк.

Избраниците на Данило Брестовац се бореа, но Полјаците беа на повисоко ниво и успеаа да го добијат овој натпревар. Првиот дел домаќините го завршија со плус два (14-12), негатива која ја имавме и по последниот свиреж во арената.

Вчера да потсетиме нашите млади ракометари ремизираа со Белорусија (27-27), а пак утре се среќаваме со Чешка.

Facebook Коментари