Поврзете се со нас

Европски првенства

Кадетите загубија од Германија на ЕП

Објавено

на

foto:macedoniahandball.com.mk/

Македонската ракометна репрезентација до 18 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство кое се игра во Црна Гора.

По вчерашниот тесен пораз од Франција денеска загубивме од фаворизираната Германија со 25:19 на дуелот на кој настапивме без нашиот најдобар ракометар Дамјан Митев.

Одигравме рамноправно првото полувреме со Германците, први 30 минути кои завршија со плус еден за противникот (10:9). Сепак во вториот дел не можевме докрај да парираме и доживеавме втор неуспех на турнирот.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Ристевски со 11 гола и Илиевски со 5 реализации.

Во третото коло во групата Б играме со селекцијата на Полска.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни