Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите со пораз го завршија ЕП во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години загуби од Полска со 71-68 во борбата за 11. место на Европското првенство во Скопје.

Ова беше дуел кој беше доста изедначен, а како пресудна на крајот се покажа втората четвртина која Полјаците ја добија со пет разлика (27-22). Инаку првиот период заврши со еден чуден резултат за кошаркарски пригоди 7-8 за гостите, додека во вториот дел беше 22-17 и 17-15 за нашите надежи, меѓутоа тоа не беше доволно за триумф со кој ќе го освоевме 11 место на шампионатот.

Лазарев со 13 поени беше прв наш стрелец, Зетов и Величковски уфрлија по 11 кошеви, двоцифрен беше и Луканоски со 10 поени.

Баганц со 22 кошеви пак беше број кај гостите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни