Поврзете се со нас

Европски првенства

Кадетите немаа решение за фаворитот Грција

Објавено

на

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација доживеа пораз на Европското првенство кое се одржува во Скопје, а првиот неуспех на елитното натпреварување е забележано против фаворитот Грција.

Грците фуриозно го започнаа дуелот и го добија првиот период со 25:8, со што најавија дека Македонија ќе има тешка задача ако сака да ја врати неизвесноста.

Нашите кадети го поправија впечатокот во продолжението од средбата, но не најдоа начин за намалување на негативата, отворајќи пат за убедлив триумф на нашиот јужен сосед.

Македонија немаше играч со двоцифрен учинок, а најефикасен беше Јаничиќ со 9 поени, додека во грчкиот состав, Маракудакис реализираше 13 поени.

По триумфот над Црна Гора и поразот од Грција, Македонија ја очекува последниот дуел во групата, против Шпанија која денеска стигна до првата победа во дуелот со црногорската селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни