Кадетите не најдоа решение за БиХ, останува уште една шанса за влез во елитната конкуренција

u16

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 16 години доживеа пораз од домаќинот Босна и Херцеговина од 95-76 во полуфиналето на Европското првенство (дивизија Б).

Кадетите одигра квалитетни прво полувреме во кое беа израмнети со сонародниците од Босна (50-50), но во вториот дел ситуацијата беше поинаква, домаќините доминираа и дојдоа до триумф со кој обезбедија финале, но и пласман во А дивизијата.

Меѓутоа и покрај овој пораз за не е се загубено, имаме уште една шанса да дојдеме до елитната конкуренција и тоа со победа против поразениот од второто полуфинале меѓу Русија и Чешка.

Што се однесува до вечерашниот натпревар најистакнат наш играч беше Петрушевски со 18 поени и 8 скокови. Кај победниците Хусеиновиќ реализираше 26 кошеви.

Facebook Коментари