Поврзете се со нас

Македонија

Кадетите на Голден Арт победници на турнирот „11 Октомври“

Објавено

на

Кадетите на Голден Арт се победници на ракометниот турнир „11 Октомври” кој и годинава се одржа во Куманово.

На својот прв настап на традиционалниот ракометен турнир во чест на големиот македонски празник, 11 Октомври, во Куманово,кадетската екипа на Голден Арт го освои првото место и шампионскиот трофеј.
На турнирот настапија домаќинот Куманово, Бутел од Скопје, МРК КЛ7 Свети Николе и Голден Арт.

Во првото полуфинале Голден Арт го совлада Бутел, додека МРК КЛ7 Свети Николе беше подобар од МРК Куманово.

Во финалниот натпревар Голден Арт беше подобар од МРК КЛ7 Свети Николе со резултат 26:21.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Димитар Крстев од МРК КЛ7 Свети Николе, додека за најкорисен играч Петар Стојаноски од Голден Арт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни