Кадетите и јуниорите ги дознаа противниците за ЕХФ шампионатите во 2020 година

zhdreb

Младите македонски ракометари, односно кадетската и јуниорската репрезентација денеска ги дознаа ривалите за ЕХФ шампионати во 2020 година.

Првите ќе играат на турнирот кој од 17 до 23 август ќе се одржи во Скопје, а на кој ќе учествуваат осум репрезентации. Ние ја имавме честа сами да ја одбереме групата, па се решивме за местото во дружината А во која се уште Полска, Естонија и Грција.

Во групата Б се Швајцарија, Украина, Грузија и Босна и Херцеговина.

Победникот на шампионатот обезбедува директен пласман на ЕХФ ЕУРО М18 и ЕХФ ЕУРО М20 во 2020 година.

Кога се во прашање јуниорите тие во Летонија ќе играат во групата Б заедно со Белорусија, Луксембург, Бугарија и Косово.

На другата страна пак се Романија, Турција, Грузија, Латвија, Велика Британија и Белгија. Овој настан е на програмата од 3 до 12 јули наредната година.

Facebook Коментари