Кадетите ја испотија Русија на ЕП во Сараево

u-16

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација со пораз од Русија од 75-69 го започнаа својот настап на Европското првенство (дивизија Б) во Сараево.

Избраниците на Алекандар Јованчев иако на хартија важеа за голем аутсајдер одиграа квалитетн меч против „зборнаја“, меч кој беше решен во третиот период во кој ние одигравме далеку под нивото (21-7) и му дозволивме на противниот резултатски да се одлепи за да последниот период само ја потврди победата.

Миловановиќ со дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скокови беше прво име во нашиот табор, а двоцифрени беа уште Петрушевски (12 поени) и Величковски (10 поени).

Утрешен наш ривал е селекцијата на Белгија.

Facebook Коментари