Поврзете се со нас

Европски првенства

Кадетите ја добија битката со Украина за прво славје на ЕП

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската ракометна селекција до 18 години го забележа првиот триумф на Европското првенство кое се одржува во Црна Гора.

Избраниците на Наум Танески славеа над Украина со 26-21 во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место на шампионатот.

Првиот дел мина во израмнета игра и резултатот по 30 минути беше 10-10, ама во второто полувреме ние бевме на повисоко ниво пред се во нападот каде постигнавме 16 погодоци и заслужено дојдовме до првото славје на овој турнир на кој во првиот дел загубивме од Полска, Германија и Франција.

Најдобар стрелец беше Ристевски со осум гола, голманот Николовски запиша 13 интервенции.

Следен наш ривал е Грција која тесно загуби од Италија во оваа нова фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни