Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите и младинците ги дознаа противниците за европските првенствата во Црна Гора и Словенија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонските репрезентации до 18 и 20 години ги дознаа противниците за европските првенствата кои ова лето ќе се одиграа во Црна Гора и Словенија.

На денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација, кадетите добија навистина тешка група и ќе ги одмерат силите со врсниците од Полска, Германија и Франција.

Шампионатот ќе се одржи од 7 до 18 август во Подгорица.

Младинците пак добија балканска група за првенството кое од 10 до 24 јули ќе се игра во Целје.

Ние сме во првата група и ќе се соочиме со Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни