Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите го декласираа Луксембург и ќе играат во големото финале во Рига

Објавено

на

Ракометните кадети ќе играат во големото финале на ЕХФ шампионатот во Рига, откако денеска со убедливо издание го декласираа Луксембург и се пласираа на завршниот чин на турнирот во Летонија.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ тргнаа моќно и брзо дојдоа до убава позитива од три гола предност, кој во продолжение само ја зголемуваа.

На полувреме беше 15:9 и тоа беше добра најава за сигурен триумф на ракометарите до 18 гофини, по што во вторите 30 минути следеше рутинско довршување на работата и конечна победа од 32:22.

Десетте гола разлика се најдобра илустрација за разликата во квалитет меѓу двете селекции, а токму толку погодоци постигна Шулески кој беше најдобар поединец во победничкиот тим.

Во второто полуфинале кое се игра во моментов, силите ги одмеруваат Швајцарија и домаќинот Летонија, па една од овие две селекции ќе ни биде ривал во утрешното финале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни